Пријателките на финската премиерка уживале на бродот во Хрватска, а во еден момент им ги покажале голите гради на патниците на Јадролинија, кои во тој момент минувале.

Пријателите на финската премиерка Сана Марин се забавуваа во Хрватска, а на TikTok се појави видео на кое им ги покажуваат голите гради на патниците на Јадролинија.
Трите пријателки на Сана Марин трчаат до лакот на бродот и по одбројувањето на камерманот им ги покажуваат голите гради на патниците од „Јадролинија“ што минуваат, а капетанот возврати со свирење, што ги израдува.
Видеото го објави пријателката на Сана, Сабина Сарка, а не се знае точно кога е снимено ниту дали премиерка била со нив бидејќи не е во кадарот.
Да потсетиме дека премиерката на Финска беше мета на критики откако на социјалните мрежи протекоа видеа како ужива со финските ѕвезди, а потоа се појави фотографија, од официјалната резиденција на премиерот во Хелсинки, на која се гледаат двајца познати инфлуенсери како се бакнуваат , покривајќи ги голите гради со натпис „Финска“. Под притисок на јавноста, Марин направи тест за дрога, кој бил негативен, а потоа јавно се извини за несоодветната фотографија.
“Според мене, сликата не е соодветна. Се извинувам за тоа. Таква фотографија не требаше да има, но инаку ништо несекојдневно не се случило на забавата”, им изјавила Марин на новинарите, потврдувајќи дека фотографијата е од нејзината резиденција.
Пронајдете не на следниве мрежи:



