Хумус – најздравиот намаз на светот

200 г наут (непечена леблебија)
100 мл вода во која се варел наутот
40 г таан
2-3 лажици лимонов сок
2 чешниња лук
50 мл малсиново масло
1 лажица исечкан магдонос
половина лажичка црвен пипер
сол
Наутот потопете го во вода и оставете го да кисне цела ноќ. Варете го додека омекне, а потоа исцедете го. Водата од наутот, во која сте додале малку сол, зовријте ја повторно и оставете ја да се олади.
Наутот, заедно со водата, лимоновиот сок и лукот, иситнете ги во блендер за да добиете хомогена смеса. Во блендерот додадете ги маслиновото масло, магдоносот, црвениот пипер и таанот и помешајте уште еднаш. Доколку смесата ви излезе премногу густа, додадете уште малку од водата во која се варел наутот.
Подготвениот намаз ставете го во фрижидер и оставете го добро да се излади. По желба можете да го декорирате со маслинки или гранче магдонос.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.