Воздушестите и меки залаци и опојната арома веднаш ќе ве освојат!
Потребни состојки:
– 200 гр. меко сирење
– 200 гр. шунка
– 200 гр. пиперки
– 200 гр. корнишони
– 3 јајца
– 3 мали шолји кисела вода
– 2 шолји масло
– 5 шолји брашно тип 400
– 1 прашок за печиво
– сол по потреба
Начин на припрема:
На ситни коцки исечкајте го сирењето, шунката, пиперките и корнишоните. Разматете ги јајцата и во нив додајте го маслото за јадење, киселата вода и брашното измешано со прашокот за печиво. Доколку сирењето е солено, не морате да додавате сол, но ако не е додајте лажичка сол.
Во смесата со лажица измешајте ги сите исечкани состојки, а потоа истурете ја во плех обложен со хартија за печење.
Загрејте ја рерната на 250 Целзиусови степени. Кога ќе ставите да се пече, намалете на 200 Целзиусови степени и печете околу половина час.