Најавата за прекин на снабдувањето со природен гас преку гасоводот Северен тек од 31 август до 2 септември беше поттик за поскапување

Цената на мегават час природен гас во Европа се зголеми за 28,6 отсто на 283,20 евра во однос на 15 август кога изнесуваше 220,11 евра, јавува Anadolu Agency (AA). Цената на договорот за гас во септември на TTF, виртуелната платформа за тргување со природен гас со седиште во Холандија, беше отворена во понеделникот на 266,75 евра за мегават-час. Поттик за поскапување беше најавата за прекин на испораките на природен гас преку гасоводот Северен тек од 31 август до 2 септември. Дополнително, за растот на цените придонесоа и сушите во Европа и постојаното зголемување на побарувачката во регионот кој се соочува со недостиг.
Пронајдете не на следниве мрежи:


