Неодоливи и вкусни – Цимет коцки

ЗА ПАНДИШПАН
4 јајца
100 г шеќер
200 г брашно
150 г маргарин
2 лажици какао
1 лажичка цимет
ЗА ФИЛ
200 г маргарин
200 г шеќер во прав
1 лажица ликер од лимон
1 лимон
ЗА ПРЕЛИВ
100 г чоколадо
100 г маргарин
3 лажици шеќер во прав
3 лажици вода
Јајцата изматете ги со шеќерот и маргаринот. Додадете ги брашното, какаото и циметот. Измешајте со лажица и ставете ја смесата во намрсена и набрашнета тава. Печете 20 минути на 200 степени.
Маргаринот изматете го со шеќерот во прав. Додадете ги ликерот и рендана кора од лимон и промешајте.
Со филот премачкајте го изладениот пандишпан и исечете го колачот на коцки. Нанесете прелив од маргарин, чоколадо, вода и шеќер во прав.

 

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.