Црвена младина бара мерки за заштита на студентите од сексуално вознемирување
Деновиве во медиумите излезе истражување за сексуалното вознемирување на Универзитетот во Тетово, Универзитетот Мајка Тереза и Универзитетот на Југоисточна Европа. Анкетата која била спроведена на примерок од 122 испитаници покажува дека 19,6%, односно секој петти студент од анкетираните изјавил дека бил жртва на сексуално вознемирување.
- Имате 30 секунди слободни? Овие четири мали навики ќе ви го подобрат расположението
- Љубовен хороскоп до 10 октомври: Ретроградна Венера гази во Шкорпија – Старата љубов повторно повикува
- 50. „Марш за ангелите“: Родителите бараат месечно над 10 рочишта за „Пулс“ и јасни одговори од институциите
- Калајџиев за новиот притвор за Деко: Ако има правна држава судот требаше да го отфрли предлогот
- ВМРО-ДПМНЕ до Кузеска: Од Заев и „Северна“ до прифаќање на македонскиот идентитет
- Туфегџиќ: Новиот притвор на Деко нема да го забрза судењето за „Пулс“
- Адвокатот Туфегџиќ со предлог како побрзо да заврши судењето за дел од обвинетите за трагедијата во Кочани
- По два века, решен е кодот на Наполеон: Вештачката интелигенција го прочитала тајното писмо!
- ЗАРАБОТИЛ МИЛИОНИ ОД ЛАЖНИ ТЕСТОВИ ЗА КОВИД, ОБВИНЕТ ЗА ГРАБЕЖ ОД 450.000 ЕВРА Дали „Korona kid“ е навистина мртов? Мистеријата продолжува да го тресе регионот
- „Крајот на светот“ закажан за 13 ноември 2026 година: Морничаво предвидување старо повеќе од шест децении
- Тошковски: Наскоро „Безбеден град“ ќе може да препознава и неносење кацига
Професорите од студентите барале сексуални услуги за оценки! Ова го рефлектира системскиот проблем со недостиг на транспарентност и одговорност во образовните институции. Студентите се плашат да пријават вакви случаи и се оставени без заштита, што дополнително го комплицира решавањето на овој сериозен проблем.
Ваквото однесување на професорите од посочените универзитети Црвена младина го смета за неприфатливо и упатува осуда за сексуалното вознемирување кое се случува. Ова е проблем што ја загрозува безбедноста и достоинството на студентите, особено на жените и создава атмосфера на страв, па дури и инхибиција да се продолжи искачувањето по академскиот пат.
Црвена младина ги повикува властите да воведат построги мерки за заштита на студентите, вклучувајќи анонимни механизми за пријавување и остри санкции против сторителите! Одговорните институции мораат активно да се вклучат во решавањето на овој проблем. Сметаме дека е неопходно универзитетите да спроведат обуки и едукација за спречување на сексуалното вознемирување што дополнително ќе ги охрабрат жртвите да ги пријавуваат овие случаи.
Пронајдете не на следниве мрежи:



