сабота, 14 ноември 2026
Најново

ЦРВЕНОТО ЈАБОЛКО – полета турскиот дрон! Изгледа застрашувачки, го направи првиот лет

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Кизилелма, првиот турски воен авион без екипаж, го направи својот прв лет.

Најновиот турски борбен дрон Кизилелма го направи својот прв лет, објави главниот технолошки директор на Бајрактар ​​(CTO) Селџук Бајрактар. „Нашиот 20-годишен сон во нашата национална авантура со беспилотни летала се оствари денес! Кизилелма, првиот турски воен авион без екипаж, го направи својот прв лет“, напишаа од Бајрактар.

ЦРВЕНОТО ЈАБОЛКО – полета тускиот дрон! Изгледа застрашувачки, го направи првиот лет (ВИДЕО)

Националниот систем за беспилотни борбени авиони (МИУС), наречен Кизилелма (Црвено јаболко), со ниска радарска рефлексивност и субсонична брзина, е исто така важен стратешки проект бидејќи се очекува да обезбеди независност на турските воздухопловни сили.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Важноста на овој проект беше особено нагласена откако Турција беше исклучена од проектот Ф-35, кои требаше да полетаат од носачот на авиони што го гради во соработка со Шпанија. Кизилелма ќе има можност да полетува и слетува од носач на авиони со кратка писта.

https://twitter.com/Selcuk/status/1603042777524207616

Брзиот беспилотен борбен авион Кизилелма претставува значително проширување на можностите во однос на бавните извидувачки и ракетни дронови.

Борбениот авион без екипаж е дизајниран да изведува различни воени операции, како што се стратешки напади, блиска воздушна поддршка, ракетни напади, сузбивање на противничката противвоздушна одбрана и уништување на противвоздушната одбрана. Се очекува да може да лета пет часа и да достигне брзина до 800 километри на час.

Поврзани вести