четврток, 12 ноември 2026
Најново

Црна Гора ги отвори границите за Зимбабве и Азербејџан, но не и за Македонија

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Владата на Црна Гора денеска го прошири списокот за уште 10 држави од кои граѓаните ќе може да влегуваат во земјата без никакви ограничувања, но ниту на оваа најнова ревидирана листа не се најде Македонија.
Според црногорскиот Институт за јавно здравје, како што пренесуваат црногорските медиуми, епидемиолошката состојба дозволува од утре државјаните на Азербејџан, Белорусија, Канада, Русија, Украина и на Зимбабве без дополнитени рестрикции да патуваат во Црна Гора.
Иако беше најавено дека поради лошата туристичка сезона се размислува да им биде овозможен слободен влез на државјаните на земјите од Западниот Балкан, сепак, очигледно, тоа не се случи.

Поврзани вести