Владата на Црна Гора одлучи земјата да гласа за резолуцијата за Сребреница во ОН.
Оваа вест ја објави порталот РТЦГ, повикувајќи се на неименувани извори во Владата на Црна Гора.
-Ќе се приклучиме кон осудата на секој геноцид – беше објавено на порталот на Владата.
За оваа резолуција денеска во Собранието на Црна Гора во рамки на „премиерскиот час“ ќе зборува премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ.