„Црна дупка“: Поскапе возачката, парното, струјата… нема „ддв“ исплата

Поскапе полагањето возачки испит. И парното. За некој ден и струјата. Економските „експерти“ од владата повеќе не ја ни споменуваат потрошувачката кошничка – цените на пазарите и во маркетите заминаа уџум.

Доцни или воопшто нема поврат на ДДВ за граѓаните и за фирмите. Во државниот буџет за 2026 година, средствата за и онака мизерниот студентски стандард се кратат за 9 милиони евра.

Од говорницата на највисокиот законодавен дом, премиерот бесрамно лаже и ги манипулира пензионерите, граѓаните.
Судскиот процес за масовното убиство во кочанската шупа од старт се претвора во тешка и перфидна

Мицковци скришно водат преговори за уставните измени, прашање е на денот кога Бугарите ќе влезат во македонскиот Устав.

ДПМНЕ ги враќа во игра клетниците од злосторничкото здружување: злобницата Горде со нејзиното тефтерчето од џелат ја прават жртва, а со помош на предавниците од ЗНАМ подготвуваат терен за враќање на клептоманот Груевски.
Енормното задолжување и корумпираните функционери ја разјадуваат Македонија по сите основи.

Власта е “црна дупка“ која ги голта сите вредности и атрибути која една држава ја прават држава!

ФБ став на Зоран Милошески

Пронајдете не на следниве мрежи: