Црни шпагети со бело пилешко

Состојки
250 гр црни шпагети (секако и бели дека можи)
2 парчиња пилешки стек
1-2 млад кромид
1 морковче
1 чаша вода
200 мл готов бешамел сос
120 гр кашкавал
1 лажица пармезан
1 лажица мариниран мечкин лук
зачини – мешан сув зачин, пимент, мајчина душица, италијанска мешавина зачин

Ставете го стекот да се свари. Оставете една чаша вода од тенџерето, а другата истурете ја.
Исечете го стекот на мали парчиња, кромидот исечкајте го ситно и морковот изрендајте го.
Ставете се заедно да се испржи на масло.
Додадете ја чашата вода и бешамелот. Мојот бешамел беше густ многу. Доколку имате поредок, не ставајте толку од водата. Зачинете и оставете да подиспари водата.
На крај додадете ги рендани кашавалот и пармезанот, како и мечкиниот лук.
Сварените шпагети сервирајте ги во чинии и врз нив во средината ставете од подготвеното пилешко.
Украсете по желба и слижете топло.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.