Ве известуваме дека, на ден 22.03.2023 година, од страна на Министерство за правда до Централниот регистар на Република Северна Македонија е доставенo Решение за неусогласеност на Здружението КУЛТУРЕН ЦЕНТАР ИВАН МИХАЈЛОВ Битола согласно член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации, по претходно прибавеното мислење од страна на Комисијата за употреба на имиња на личности.
Централниот регистар по приемот на Решението за неусогласеност, а во врска со член 5 од Закон за изменување и дополнување на Законот за здруженија и фондации го избриша здружението од Регистарот на други правни лица.
Пронајдете не на следниве мрежи:



