Најавените врнежи од дожд и снег не се очекува да предизвикаат позначителни проблеми. Центарот за управување со кризи вечерва информира дека поради очекуваниот силен ветер можна е појава на високи бранови на Охридското Езеро каде водостојот е прилично висок.
Иако на места се прогнозираат пообилни количини, поголемите реки се очекува да можат да ги прифатат овие врнежи без излевање на водата надвор од нивните речни корита и без предизвикување на поплави. Единствено, доколку на места врнежите бидат интензивни и со пороен карактер, можно е да дојде до брзо зголемување на водостојот на суводолиците и помалите реки (со помали сливни површини), а исто така поради можноста од појава на невреме можни се и локални проблеми во дел населените урбани места, велат од ЦУК.
На местата каде врнежите ќе бидат поројни и интензивни се апелира на внимателно движење особено покрај суводолиците и помалите реки.


