Денеска, од пред зори имаше неколкучасовно, успешно, а опасно извлекување од длабока тиња и кал како „жив песок“ и за заробениот човек и за спасителите – пожарникарите, Конкретно, покрај кумановскиот дел од река Пчиња, имаше комбинирана спасителан акција од страна на пожарникарите од Територијалната противпожарна единица и Итната медицинска помош од Куманово.
Тим кумановски пожарникари, на чело со командирот на смена Сашо Илиевски, неколку часа, од околу 04.00 часот па до 07.00 часот утрово беа во спасувачка акција. Итниот случај го пријавил на 112 во ЦУК риболовец, којшто ги слушнал повици за помош на лицето кое покрај реката заглавило во длабока тиња и кал, на тој потег од реката Пчиња.
Ситуацијата била опасна, бидејќи полека, како што лицето, возрасен маж, сакало да се самоизвлече се повеќе пропаѓало на местото каде што почвата била ,буквално, како маскиран „жив песок“ со исушен слој најгоре, на површината, од топлото време, а надолу како да немало дно.
Тимот пожарникари, за среќа, брзо и на време стигнал до оддалеченото место од пристапен пат. бидејќи лицето било веќе речиси до рамења и врат пропаднато и било снеможено и на крај од неговите сили заради долготрајното заглавување при што полека тонело во меката почва. Пожарникарите успеале да го фатат со јажиња од нивната опрема и полека почнале да го извлекуваат, при што било потребно и нивно доизвлекување, бидејќи и тие тонеле полека во меката почва. Еден со друг тимски си помагале, етапа по етапа, од сложеното, а навидум едноставно, извлекување и спасување на заглавеното лице, од опасниот терен.
Откако пожарникарите го извлекле од длабока тиња и кал, што била буквално како „жив песок“, лицето речиси се онесвестило и го ставиле на специјалната спасителна даска за носење. Додека едни го носеле, други со секири го расчистувале пред нив патот од вегетација и дрвја за да се пробијат до пристапниот пат каде ги чекала Итната медицинска помош. Настраданиот е жив, но многу истоштен и снеможен од долготрајното заглавување. Тој е веќе во болница во Куманово и е надвор од животна опасност.
- Израелскиот претседател му го довери мандатот на ривалот на Нетанјаху, Гади Ајзенкот, за формирање влада
- Нема напредок во историската комисија со Бугарија: Без договор за Охридската архиепископија и одбележувањето на Даме Груев
- Иран и Русија планираат изградба на гасовод со капацитет од 110 милијарди кубни метри годишно
- Неговите гениталии беа отсечени без анестезија, а тој беше единствениот чиј глас беше снимен: Деца умираа поради болната опсесија на црквата
- Србинот кој знаеше премногу: Дали Ален Делон наредил ликвидација на неговиот најблизок соработник Стеван Марковиќ? Милошевиќ исто така бил вмешан во сè
- Клековски: Се усогласува законодавството за дроги со ЕУ, ќе се воведе систем за рано предупредување за опасни супстанции
- Македонската таеквондистка Душица Брсалиева освои злато на „Грција опен Е1 2026“
- Познати најдобрите мајстори за домашна ракија во Валандово
- Преку еден лаптоп до 6,3 милијарди долари: Ова се хакерите кои го изведоа грабежот на векот на крипто пазарот
- Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во централна Украина предизвикаа голем пожар
- Дали цените на становите во Србија ќе паднат поради банкротот на Алта банка? Експертите објаснија што следува
- Напаѓачот на бизнисменот Зоран Азманов остана без пасош
- ОД МАФИЈАШОТ ДО КРАЛОТ НА КОКАИНОТ: Вака естрадата го опева подземјето, а еве што се крие зад текстовите за мафијата
- Тајкунот Богољуб Кариќ ќе се кандидира за претседател на Србија
- ФРАНЦУЗЦИТЕ СЕ ПОДГОТВУВААТ ЗА ХАОС: Се очекуваат 60.000 луѓе на улиците, на мрежите се појавија повици за ГРАБЕЖ И ПРЕДУПРЕДУВАЊА!



