четврток, 12 ноември 2026
Најново

Цуцуловски за донацијата од Германија за МВР: Смениш име, добиеш цокула

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Професорот Љубомир Цуцуловски во свој стил ја прокоментира донацијата од германската Влада за македонското Министерство за внатрешни работи.

„ЕВАНГЕЛСКА ВЕСТ. Конечно и кај нас, во Република Македонија, стигна добра и радосна вест. Што значи, е в а н г е л с к а вест. Германската влада ѝ дарила (стручно и експертски речено: донирала) дури 351 пар чевли на македонската полиција. Сега, со сигурност, може да зачекориме во надоаѓачката и заслепувачка светла иднина. Башка, покрај обувките, биле донирани и полициски возила. За болнички/медицински возила, како и за друга болничка/медицинска помош, може малку и да се почека. Тоа и не е толку ургентно. Болните малку нека се стрпат.
П.С. Скептиците, и понатаму незадоволни, тврдат дека правда немало. Како немало? Ете, на пример, смениш име, добиеш цокула!“, напиша на својот профил на Фејсбук Цуцуловски.

Поврзани вести