Цуцуловски: Тагата на Лиланд

Лиланд е млад средношколец. Живее со разведени родители, во некое мало гратче, сместено некаде во внатрешноста на САД. Забележува дека луѓето околу него се тажни, безнадежно тажни, осамени или лоши. Нивната тага само ја зголемува неговата тага, макар што повеќето од нив не поседуваат свест за сопствената тага. Особено го растажува судбината на хендикепираното момче, кое сиот свој живот ќе мора да го помине во таа состојба – згрижен од своите, осамен и незабележан од другите или предмет кој предизвикува потсмев кај бесчувствителните. Неможејќи да ја поднесе неговата трајна тага, одлучува да го убие, како единствен начин тагата да згасне. Не убива од страст, од омраза или од љубов. Убива од неможноста да ја поднесе тагата – како својата, така и туѓата.
Тоа е, во основни црти, содржината на филмот The United States of Leland, снимен 2003 година. Главната улога ја игра (тогаш) младиот Рајан Гослинг.
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.