Најактивниот клуб во јануарскиот преоден рок, Челси, има фудбалери и кои се во излезна насока, не само такви кои доаѓаат. Еден од нив е 29-годишниот Мароканец Хаким Зиеш.
Десното крило на Челси ќе биде нов фудбалер на ПСЖ, извести италијанскиот новинар специјалист за трансфери, Фабрицио Романо. Двата клуба се договориле доцна вечерва за заем до крајот на сезоната, но неофицијално, во зделката не била вклучена обврска за купување, по јуни.
Со оглед на големиот број фудбалери кои Челси ги купи, пред се офанзивците Михајло Мудрик и Жоао Феликс, за очекување беше дека Зијеш ќе бара нова средина и за него имало интерес од повеќе клубови, меѓу кои и амбициозниот Њукасл, но наводно фудбалерот одбрал да оди во ПСЖ.