Ако сакате да ослабете околу стомакот, изборот на вистинска храна е клучен во режимот на слабеење. Бананите се една од најдобрите намирници за брзо топење на салото околу стомакот.
На кои начини бананите помагаат во слабеењето?
Бананите влијаат на цревната флора
„Бананите се богати со пробиотички влакна и се покажа дека го зголемуваат борјот на фидобактерии во цревата“, вели д-р Кејт Нец.
Истражувањата покажуваат дека здравото ниво на бифидобактерии може да помогне во слабеењето и да го подобри метаболичкото здравје.
Бананите можат да ја задоволат желбата за храна
„Кога живеете или работите во стресна средина, што е сега случај кај повеќето луѓе, нивото на кортизол е високо поради што ви се јаде благо“, вели д-р Сандра Ел Хај.
Тоа е една од главните причини зошто луѓето почнуваат да се дебелеат и да јадат неконтролирано. Бананите помагаат да се спречи желбата така што на телото му нудат високо ниво на магнезиум, што може да помогне во контролата на нивото на стрес, како и на чувството на ситост.
Го зголемуваат внесувањето влакна
„Веројатно сте слушнале дека дополнителните влакна помагаат при слабеење, а бананите се одличен извор на влакна. Секоја банана содржи голема количина влакна во однос на бројот на калории“, вели д-р Дон Грант.
Го олеснуваат режимот на вежбање
Ништо не може да го отстрани вишокот околу стомакот како правилниот склоп на вежби, но ако на телото не му го дадете тоа што е потребно, се би било залудно.
Благодарение на бананите, добиваме правилна исхрана со што режимот на вежбање е балансиран, осигурувајќи реални резултати.
Вашите тренинзи може да бидат поефикасни поради помалку грчеви во мускулите.