„Чизкејк“ без сирење: Рецепт за торта полна со протеини што не се пече

Потребни состојки:
За основата:
100 грама бадеми
100 грама ореви
175 грама меки урми без семки
¼ лажици сол
За филот:
450 грама индиски ореви
200 мл крем од кокос
100 мл јаворов сируп
70 мл кокосово масло (стопено)
2 лимети
1 лимон
1 лажица екстракт од ванила
Начин на подготовка:
1. Натопете ги индиските ореви во вода ноќта пред подготовката на тортата, или барем неколку часа порано за да ги омекнете.
Ако немате толку многу време, можете да ги прелиете индиските ореви со топла вода и да ги оставите да отстојат околу еден час.
2. Во блендер направете ја основата за тортата од бадеми, ореви, меки урми и сол.
3. Со прстите притиснете ја лепливата смеса во мал калап за торта и ставете ја во фрижидер.
4. Во блендер подгответе го филот од омекнатите индиски ореви што сте ги исцедиле од водата, кокосовиот крем, јаворовиот сируп, стопеното кокосово масло, сокот од двете лимети, сокот од лимон и екстрактот од ванила.
5. Мешајте ја смесата додека не се изедначи. Ако смесата е кисела, додајте уште малку јаворов сируп.
6. Подготвената смеса нанесете ја врз основата. Ставете го колачот да стои во фрижидер пет до шест часа пред да го послужите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.