Чизкејк бомбици со Орео бисквити: Рецепт за вкусен десерт од само 4 состојки

Можете да направите вкусен десерт од само неколку состојки, а овие чизкејк бомбици со орео бисквити и бело чоколадо се еден таков рецепт. Не мора да ја запалите рерната за да ги подготвите, а потребно ви е само бисквити, бело чоколадо, крем сирење и малку екстракт од ванила.
Чизкејк бомбици со Орео бисквити: Рецепт за вкусен десерт од само 4 состојки
Потребни состојки:
400 г Орео бисквити
340 г бело чоколадо
220 г крем сирење
1 лажичка екстракт од ванила
Начин на подготовка:
Скршете ги бисквитите во ситен прав.
Измешајте ги со крем сирењето и екстрактот од ванила. Мешајте додека не се соединат сите состојки.
Направете топчиња од добиената мешавина. Ставете ги на хартија за печење и во замрзнувач половина час.
Замрзнатите топчиња потопете ги во растопеното бело чоколадо. Вратете ги во замрзнувач најмалку 15 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.