Чизкејк со прелив од цреши

Потребни состојки:
Подлога
300 г мелена плазма
180/200 мл сок од портокал
Фил
400 г слатка павлака(хопла)
400 г кисела павлака
200 г шеќер во прав
1 желатин
150 г мелена плазма
Џем/слатко од цреши
Начин на подготовка:
Мелената плазма измешајте ја со сок од портокал и натапкајте ја во тава како подлога.
За филот изматете ја слатката павлака со шеќерот, па додадете ја павлаката. Желатинот потопете ја со неколку лажици вода и оставете го, па растопете во сад на пареа. Измешајте со дел од смесата, па додадете го во целиот фил и убаво изматете.
Филот поделете го на 2 дела.
Во едниот дел додадете 150 г мелена плазма и распоредете го врз кората, а врз него ставете го преостанатиот дел од филот.
Овошје може да ставите веднаш, сварено овошје плус желатин, или откако ќе исечете парчиња одозгора ставете им по неколку лажици џем или слатко.
Оставете ги чизкејкот да се излади неколку часа во фрижидер и може да го послужите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.