Чизкејк со ф’стаци

Пробајте го овој необичен, но супер вкусен рецепт: Чизкејк со ф’стаци.
Чизкејк со ф’стаци
Потребни состојки:
130 г брашно
60 г мелени бадеми
50 г шеќер
115 г омекнат путер
700 г крем сирење
200 г кондензирано млеко
4 лажици густин
1 лажица екстракт од ф’стаци
3 јајца


Начин на подготовка:
Во поголем сад ставете ги брашното, бадемите, путерот и шеќерот и спојте ги состојките со мешање. Ронливата смеса нанесете ја во калап за печење со обрач. Ставете ја кората 30 минути во фрижидер.
Во друг длабок сад ставете го крем сирењето, кондензираното млеко, густинот, екстрактот од ф’стаци и јајцата и изматете ја смесата со миксер. Нанесете ја смесата врз кората во калапот и печете го колачот 90 минути на 180 ᵒС.
Откако колачот ќе се излади исечете парчиња и послужете ги со изматен шлаг и дробени ф’стаци.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.