Чизкејк со јагоди: Фантазија во чаша за само 10 минути

Чизкејк во чаша е идеален десерт кога ви се јаде нешто благо, а немате многу време. Кој не сака да се разлади со убаво парче торта од сирење во овие топли денови?
Искористете ја сезоната на јагоди и направете си едноставен чизкејк во чаша кој ќе биде готов за само 10 минути.
Состојки кои ви се потребни за две особи:
– 125 грама сирење маскарпоне;
– 150 грама јагоди;
– 4 тврди бисквити;
– 1 лимон;
– 1 лажица кристален шеќер;
– 2 лажици шеќер во прав;
– 1 лажица путер.


Подготовка:
1. Во тенџере загрејте ги исчистените јагоди, кристално белиот шеќер и една лажица лимонов сок. Мешајте додека не се растопи шеќерот, а јагодите не омекнат. За тоа ќе ви бидат потребни 3-4 минути.
2. Издробете ги бисквитите во вид на прав и измешајте ги со стопениот путер.
3. Распоредете ја добиената смеса во 2 чаши и ставете ја на дното.
4. Внимателно измешајте го сирењето маскарпоне со останатиот лимонов сок и шеќерот во прав.
5. Над бисквитите ставете го кремот од сирењето, а над кремот ставете ја смесата со јагоди.
Послужете веднаш. Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.