Човекот кој пукаше во обезбедувањето на градоначалникот е осомничен за убиство и во бегство од 2007-ма година!

Жителите на Арачиново за весникот КОХА изјавија дека истрелите од калашников кон градоначалникот се чини дека дошле од истите луѓе кои минатата година влегле во канцеларијата на градоначалникот Ридван Ибраими.

Станува збор за осомничен – син на семејството Ајвази, познат по повеќе кривични дела и баран од македонската правда. Aјвази попознат под прекарот Полат се бара за убиство од 2007-ма година и бил осомничен за напад врз полициски службеници од Алфите.

Повредените се испратени во Ургентниот центар во Скопје.

Градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими претходно пријави закани по неговиот живот по што полицијата го уапси 69-годишниот жител на Арачиново којшто ги упатил заканите.

Уапсениот се заканувал затоа што не бил задоволен од постапување во предмет за користење државно земјиште. Заканите ги упатил пред повеќе лица во општината додека градоначалникот Ибраими не бил присутен.

Уапсениот е во блиски роднински врски со тројца напаѓачи кои пред повеќе месеци го нападнаа градоначалникот во општината. Еден од напаѓачите бил дел од претходната општинска администрација.

За заканите МВР извести во дневниот билтен:

-На 23.05.2023 полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Р.А. (69) од с.Арачиново постапувајќи по претходна пријава од Р.И., градоначалник на општина Арачиново, кој пријавил во СВР Скопје дека, додека тој не бил присутен во општинската зграда, Р.А. пред други присутни лица упатувал закани по животот на градоначалникот, а во врска со предмет за доделување на користење на земјиште. По документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „Загрозување на сигурноста” по член 144 став 4 од КЗ на РСМ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.