Денеска ви претставуваме рецепт за лесен чоколаден колач кој се подготвува многу брзо и едноставно.
Потребни состојки:
– 2 јајца
– 2 банани
– 2 лажички какао
– 10 гр. прашок за пециво
– 70 гр. темно чоколадо
– 30-50 мл. млеко
Начин на подготовка:
Испасирајте ги зрелите банани и во нив додајте ги јајцата, какаото и прашокот за пециво. Ставете ги во блендер или изматете ги со миксер, а потоа ставете ја смесата во плех и печете 25 минути на 180 Целзиусови степени.
Откако колачот ќе се испече, оставете го да се излади на собна температура, а потоа прелијте го со истопеното темно чоколадо во кое ќе додадете малку млеко.