четврток, 26 ноември 2026
Најново

Чоколаден колач од само две состојки

чоколаден колач кој мора да се проба
чоколаден колач кој мора да се проба
Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Сакате ли да направите чоколаден колач од само две состојки? Да? Еве како:

Нема нешто што може побрзо да ја задоволи желбата за слатки од овој мек и вкусен чоколаден колач. Дури и доколку не сте по готвењето, овој рецепт ќе сакате да го подготвувате секој ден бидејќи е многу лесен, брз и евтин.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Доволни ви се само две состојки со кои ќе имате чоколаден колач за целото семејство и за пријателите.

чоколаден колач кој мора да се проба

Потребни состојки:

• 4 јајца

• 250 гр. чоколадо

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната на 170 степени Целзиусови. Премачкајте ја тавата за печење со масло. Јајцата треба да бидат на собна температура. Одвојте ги жолчките од белките, а чоколадото исечкајте го на ситни парчиња.

Потоа, стопете ги коцките чоколадо на пареа. Белките изматете ги со миксер за да добиете цврст шлаг. Помешајте ја стопената чоколада и жолчките. Смесата од чоколадо додадете ја внимателно во едната половина од шлагот и полека мешајте. Постепено додавајте го и остатокот од шлагот и внимателно мешајте за белките да не спласнат.

На крај, целата смеса сипете ја во калапот за печење и ставете го да се пече 30-40 минути.

Со помош на чепкалка за заби проверете дали колачот е печен. Кога ќе се излади извадете го од тавата, исечете го на коцки и послужете го со вкусно кафе.

Имате ли подобар предлог за чоколаден колач од само две состојки? Пратете до редакцијата рецепт.

 

Поврзани вести