Чоколаден ролат со овошен фил

Потребни состојки:
За кора
6 јајца
6 лажици шеќер
3,5 лажици брашно
1,5 лажици какао
Фил
Џем од кајсии, портокали или малини
Глазура
200 г чоколадо за готвење
50 г бело чоколадо
4 лажици млеко
Путер
Начин на подготовка:
Изматете ги јајцата во цврст снег, додајте шеќер, една по една жолтка и на крај внимателно измешајте брашно и какао.
Сипете во големо тавче обложено со мрсна хартија за печење и испечете ја кората.
Готовата кора извадете ја на влажна крпа и свиткајте ја во ролат. Откако ќе се излади кората, одмотајте, пресечете ја на половина по должина ако сакате да добиете две кори за два мали ролати.
Премачкајте со џем и повторно замотајте во ролат. Премачкајте го повторно со тенок слој. Оставете го да се излади.
За глазурата: Растопете го путерот, потоа додајте парчиња чоколадо и млеко. Мешајте додека да се растопи. Растопете го и белото чоколадо без да додавате млеко.
Изладениот ролат прелијте го со глазура од чоколадо, па декорирајте го со белото чоколадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.