Чоколаден ролат

4 јајца
200 г шеќер
200 г брашно
1 прашок за печиво
100 г растопено црно чоколадо
70 г маргарин
2 лажици млеко
1 лажица рум
250 мл слатка павлака
125 г бело чоколадо
1 ванилин шеќер
Маргаринот изматете го со шеќерот, додадете ги јајцата и повторно изматете. Потоа додадете ги чоколадото, брашното, млекото, румот и прашокот за печиво, и промешајте со лажица.
Нанесете ја смесата во правоаголна тава прекриена со хартија и испечете пандишпан. Откако ќе се излади свиткајте го во ролат во влажна кујнска крпа.
Од слатката павлака изматена со ванилиниот шеќер и изренданото бело чоколадо измешајте фил. Премачкајте го омекнатиот пандишпан со половина од филот. Повторно свиткајте ролат, и премачкајте го со преостанатиот фил или нанесете растопено чоколадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.