Чоколаден чизкејк со лешници

Потребни состојки:
За основата:

250 грама бисквити
1 супена лажица Нитела
25 грама лешници, испечени
Прстофат сол
75 грама несолен путер, стопен

За филот:250 грама крем сирење, омекнато
250 грама Нутела
30 грама шеќер
Прстофат сол
За преливот:

60 грама темно чоколадо
60 грама шлаг пена
60 грама Нутела
Лешници, испечени и искршени на ситни парчиња
Начин на подготовка:
За да ја направите основата, иситнете ги бисквитите и измешајте ги со Нутелата, лешниците и солта. Мешајте додека не добиете хомогена смеса. Потоа ставете ги овие состојки во сад и измешајте ги со стопениот путер. Повторно мешајте додека не добиете хомогена смеса.
Префрлете ја смесата во однапред намачкана со масло тава, со дно што може да биде отстрането и притиснете од страните за рамномерно да ја разнесете. Ставете во фрижидер за да се олади.
За да го направите филот, ставете го крем сирењето и шеќерот во посебен сад и матете додека не добиете мазна смеса. Додајте 3/4 од Нутелата, заедно со солта и продолжете да матите додека не се комбинираат. Нежно додајте ја и останата Нутела, но рачно, и само малку измешајте, за да не се соединат целосно.


Извадете ја основата од фрижидер и сипете ја мешавината со Нутелата врз неа, внимателно израмнувајќи го врвот. Вратете повторно во фрижидер.
За да го направите преливот, ставете ги чоколадото, шлаг пената и Нутелата во мало тенџере, кое потоа ќе го поставите на тивок оган. Мешајте со гумена лажица додека не се стопат состојките, и додека не се соединат целосно.
Извадете го чизкејкот од фрижидер и сипете го преливот врз него. По желба, просејте и лешници во прав. Оставете да отстои минимум 4 саати во фрижидер пред послужување.
Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.