Чоколадна магија: Домашна бајадера готова за 20 минути

Вкусна чоколадна магија која ќе ве маѓепса со вкусот, но и со брзината на приготвување.
Има ли некој кој не сака бајадера? Најверојатно не.
Направете си дома!
Потребни состојки:
9 лажици вода
200 г шеќер
150 г мелени ореви, бадеми или лешници
250 г мелени бисквити
170 г путер
100 г чоколадо за готвење
За глазурата:
100 г чоколадо за готвење
Малку масло


Начин на подготовка:
Во тенџере ставете ги водата и шеќерот и загревајте на тивок оган додека шеќерот не се растопи во целост. Додадете го путерот, тргнете го тенџерето од оган и мешајте додека не се растопи. Кога путерот ќе биде целосно стопен, додадете ги оревите и бисквитите, а потоа мешајте додека не добиете еднаква, густа смеса.
Добиената смеса поделете ја на два еднакви дела. Чоколадото стопете го на пареа и ставете го во едниот дел од смесата. На послужавник поставете мрсна хартија за печење и префрлете ја првата половина од смесата во која додадовте чоколадо. Со рацете обликувајте ја во форма на правоаголник, а горните делови израмнете ги со нож.
Врз неа, на истиот начин додадете го и вториот дел од смесата и повторно израмнете.
Остатокот од чоколадото стопете го на пареа и додајте малку масло, па потоа прелијте со него врз бајадерата. Оставете ја бајадерата во фрижидер да се стегне, а утредента исечкајте ја на правоаголници и послужете.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.