Чоколадна торта за само 30 минути

ЗА ПАНДИШПАН
4 јајца
100 г шеќер
4 лажици брашно
200 г путер
100 г чоколадо за готвење
1/2 кесичка прашок за печиво
ЗА ФИЛ
500 мл слатка павлака
250 г чоколадо за готвење
На пареа растопете ги чоколадото и путерот.
Белките оделете ги од жолчките. Во длабок сад со миксер изматете ги жолчките со шеќерот. Додадете го чоколадото со путер, и промешајте. Потоа додадете го брашното измешано со прашокот за печиво, и промешајте ја смесата.
Во друг сад цврсто изматете ги белките, додадете ги во подготвената смеса и внимателно промешајте. Нанесете ја смесата во калап бр 24, обложен со хартија и печете 20 минути на 180 степени.
Чоколадото исечкајте го на ситни парчиња и ставете го во длабок сад. Прелијте го со загреаната павлака и промешајте го филот.
Изладениот пандишпан на повеќе места избоцкајте го со виљушка и прелијте го со топлиот фил. Оставете прво да се излади на собна температура, а потоа ставете ја тортата во фрижидер.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.