Чоколадни палачинки со овошен фил

Палачинките се секогаш одличен избор за десерт, појадок или лесна вечера, зависно од филот со којшто ќе ги комбинирате. Дали некогаш сте пробале палачинки со овошен фил?
Потребни состојки:
– 2 јајца
– 2 лажички шеќер
– 1 лажичка какао
– прстофат сол
– 120 г брашно
– 50 г путер
– 2 дл млеко
– 1 дл вода


Фил:
– 300 г јагоди или малини, по избор
– 3 дл кисела павлака
– 2 лажички шеќер
Подготовка:
Стопете го путерот и оставете малку да се олади. Во посебен зад измешајте ги брашното и какаото. Јајцата матете ги рачно или со миксер, па додадете ги шеќерот и солта.
Потоа додадете го стопениот путер и добро измешајте. Во садот додадете ја мешавината од брашно и какао, добро измешајте и постепено додавајте ги млекото и водата. Смесата ставете ја во фрижидер, да постои еден час.
За тоа време, исецкајте ги јагодите на мали парчиња, а ако се одлучивте за малини, исечете ги на половина и ставете ги во сад.
Додадете две лажички шеќер, добро измешајте ги и оставете ги половина час да пуштат сок. Потоа додадете ја киселата павлака, соединете го филот и ставете го во фрижидерот.
Палачинките ги пржите на двете страни, а откако ќе се оладат ставете од филот и виткајте ги. На крајот, може да ги посипете со шеќер во прав и да ги прелиете со стопено чоколадо.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.