Чоко-бомбици со наполитанки

200 г наполитанки
200 г бисквити
125 г путер на собна температура
2-3 лажици кафен шеќер
100 г мелени ореви
120 мл млеко
200 г чоколадо за готвење
100 г кокосово брашно
Во блендер измиксајте ги бисквитите, 100 г чоколадо искршено на парчиња и наполитанките, и ставете ги во длабок сад.
Во тенџере на тивок оган ставете ги путерот, шеќерот и млекото. Откако путерот и шеќерот ќе се растопат постепено додадете го млекото во садот со измиксаните состојки и мешајте додека се соедини смесата. Оставете да отстои 2-3 минути и формирајте топчиња со големина на орев. Половина од топчињата свалкајте во кокосово брашно, а половина во растопено чоколадо.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.