Чорба која го зајакнува организмот и дава енергија: Здраво јадење преполно со зеленчук и зачини

Во текот на зимата, односно во сезоната на вируси, грипот и настинките потребно е повеќе вниамние да му посветиме на имуниот систем, а во тоа ни помага исхраната.

Оваа чорба е богата со зеленчук и е вистински рецепт за здраво јадење без месо кое ќе ве освежи.

Состојки:

  • 2 лажици маслиново масло;
  • 1 кромид, исечкан;
  • 4 големи чешниња лук, исечкани;
  • 1 лажица ѓумбир;
  • 1 лажица цимет;
  • 1 лажица куркума;
  • 1 лажица ким;
  • 1 литар вода;
  • 1 килограм компир исечкан на коцки;
  • 800 грама домат исечкан на коцки;
  • 1 лименка леблебии;
  • 1 главица кељ;
  • 1 лажица сол;
  • ½ ќесичка мелен бибер;
  • јогурт по желба;
  • свеж магдонос.

Подготовка:
1.Во големо тенџере загрејте го маслиновото масло, додадете го кромидот, лукот и ѓумбирот и пржете додека зачинот не пушти мирис. Додадете го циметот, куркумата, кимот и мешајте уште неколку минути.
2.Ставете ја водата и додадете го компирот, доматот и леблебиите. Варете уште 15 минути додека зеленчукот не омекне. Зачинете со сол и бибер, па додадете го кељот. Варете уште пет минути, па супата послужете ја топла, со магдонос.
Пријатно јадење!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.