Чорба од ослич

500 г исчистен ослич
2 моркови исечени на парчиња
1 корен од пашканат исечен на парчиња
1 лажица сув зачин
1 ловоров лист
10-тина зрна црн пипер
1 1/2  литар вода
50 мл масло
2 лажици брашно
4 чешниња лук
1 лажица исечен магдонс
сол по вкус
Рибата сварете ја, извадете ја од тенџерето и исчистете ги кожата и коските. Месото од рибата искинете го на мали парчиња и оставете ги на чинија.
На загреано масло во друго тенџере, непрекинато мешајќи пржете го брашното додека ја промени бојата. Додадете го исечканиот лук и налејте ја водата. Потоа додадете ги зеленчукот, сувиот зачин, ловоровиот лист и зрната црн пипер.
На крајот додадете ги парчињата риба и магдоносот, посолете и варете уште 10-тина минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.