ЧУДО?? Можно е намалување на цената на струјата КОВАЧЕВСКИ: Произведуваме 20% повеќе од лани

Клучен дел во справувањето со кризата беше зголемувањето на производството на државните електрани со што се постигна намалување на цената во првите два блока што ги опфаќа најголемиот број од домаќинствата, истакна во своето обраќање премиерот Ковачевски.

Според него и во иднина не би требало да се очекува зголемување на цената на струјата.

ЧУДО?? Можно е намалување на цената на струјата – Ковачевски: Произведуваме 20% повеќе од лани

„Во наредниот период јас претпоставувам и работиме на тоа да нема зголемување, дури може да има во одредени сегменти и намалување.

Основната претпоставка за тоа е зголемено производство на електрична енергија. Минатата година ЕСМ успеа да го зголеми производството на електрична енергија за 20 проценти во однос на претходната година. За оваа година планот е повторно зголемување на производството на електрична енергија.

И тоа дава основа да може да правиме пресметки врз основа на кои што нема да има зголемување на електрична енергија.“, рече Димитар Ковачевски.

Во однос на снабдувањето со гас говореше министерот за економија Крешник Бектеши кој рече дека покрај постојните веќе има нова компанија Нома Гас која ќе се занимава со природен гас.

Тој посочи дека сите компании во склоп на ТИРЗ-овите се снабдуваат со гас кој доаѓа од Турција и Грција, а воедно истакна и дека зголемувањето на капацитетите ќе се случат со проектот Александрополис.

„Природниот гас кој моментално се увезува е од ЛНЏ терминалите од Турција и еден дел од Грција што значи дека имаме различни извори од тоа што сме имале претходно и не сме зависни само од еден извор кој претходно беше ГАСПРОМ.

Кон втората половина на февруари ќе се објави и повикот за градба на новиот интерконектор меѓу Република Северна Македонија и Грција, што дополнително ќе ги зголеми и капацитетите на нашата држава а секако дека и целосно ќе се диверзифицира снабдувањето со природниот гас.“, рече Крешник Бектеши, министер за економија.

На панелот говореше и првиот човек на ЕСМ Васко Ковачевски кој истакна дека во компанијата сега се водат 12 проекти за инвестиции во нови енергетски капацитети кои што заедно би давале 1.760 мегавати инсталирана моќ што е повеќе од моменталните 1.420 мегавати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.