ШВЕДСКАТА ПОЛИЦИЈА ДЕАКТИВИРАШЕ ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА ВО ПАРК ВО ЦЕНТАРОТ НА СТОКХОЛМ

Шведската полиција деактивираше торба со експлозив пронајдена во центарот на Стокхолм доцна вечерта во неделата, изјави денеска полицискиот портпарол.

ШВЕДСКАТА ПОЛИЦИЈА ДЕАКТИВИРАШЕ ЕКСПЛОЗИВНА НАПРАВА ВО ПАРК ВО ЦЕНТАРОТ НА СТОКХОЛМ

Експлозивна направа е пронајдена во торба во парк во центарот на Стокхолм. Паркот е едно од местата во главниот град каде што се одржува годишниот фестивал на културата.

Годинава беше организиран помеѓу 17. и 21 август.„Полицијата процени дека во чантата што беше пронајдена во Кунгстрадгарден во неделата има експлозив“, се вели во соопштението на полицијата.

„Областа беше привремено опколена, а бомбата е деактивирана и отстранета од торбата. Властите спроведоа форензичка истрага во понеделникот наутро“, соопшти полицијата.

Сега ќе се проучат сите елементи од истрагата. Само по целосно испитување во националниот форензички центар ќе можеме со сигурност да кажеме дали опасниот предмет бил употреблив, рече началникот на полицијата Ерик Акерлунд.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.