Шведска одобри нов пакет воена помош за Украина во вредност од 200 милиони долари

Шведска одобри нов пакет воена помош за Украина во вредност од 2,2 милијарди шведски круни (200 милиони долари), објавија вчера локалните медиуми.

Пакетот ги вклучува главно многу потребните артилериски гранати, како и резервни делови за тешки оклопни борбени возила ЦВ-90, објави телевизијата СВТ, истакнувајќи дека земјата веќе испратила воена помош во вредност од 1,81 милијарда долари за Украина.

Во средата, на Форумот за безбедност во Варшава, претседавачот на Воениот комитет на НАТО, адмирал Роб Бауер, предупреди дека залихите на муниција во Европа се при крај поради големите количества воена помош што одат за Украина.

„Дното на бурето сега се гледа и индустријата треба да го зголеми производството со многу побрзо темпо. Ни требаат големи количини“, рече тој.

Шведскиот министер за одбрана Пал Хонсон објави дека се размислува за трансфер на борбени авиони ЈАС-39 Грипен во Украина.

Тој додаде дека надлежните воени и одбранбени органи ќе бидат задолжени да ја испитаат оваа можност и нејзините потенцијални последици.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.