Шехерезад и Онур наскоро повторно родители: Открија како ќе се вика ќеркичката

Турската актерка Бергузар Корел позната како Шехерезад и нејзинот сопруг Халит Ергенчу познат како Онур, по два сина, сега очекуваат девојче.
Парот која оваа вест со своите обожователи ја сподели пред неколку месеци, не криеше колку се среќни поради ќеркичката која е на пат, а за која одбраа посебно име.
Шехерзад на својот Инстаграм сподели фотографија на која позира во костим за капење и јасно се гледа трудничкото стомаче, па покажа како и изгледаат утрата за време на третата бременост.
Во објавата откри и како ќе се вика ќерката која наскоро ќе пристигне.
-Утринско кафе со Леила, напиша трудницата.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.