Зошто бе? Е како зошто? Ветиле, ќе ѕенѕаат по тие бугарски ноти. Ќе потпишат со две раце ако треба и дека се кокичиња, само да се влезе и во ЕУ, дури и без мозок ако треба. И без Македонци, додуша. И сега, тие социјалдемократи бараат од нас пак да кренеме два прста за нив на изборите, за да им биде покомотно на душичето кога ќе ни го оттуѓат и јазикот и народот. Засекогаш. Кој би се обложил против тој исход. По она што досега го видовме, нема таков. Една од причините зошто им се брза да одат на избори е таа. Бугарите изгледа се малку нетрпеливи, им се брза да го решат тоа, оти знаат сега им е шансата, кога веќе држат во џеб национално импотентни дилајли.
Никогаш до сега во македонските политички партии немало толку голема критична маса од такви петоколонашки слуги. Никогаш. А имало секакви, но оние другите, со некоја трошка патриотизам, кои држеле до тоа национално достоинство секогаш биле малку побројни и успевале да ги држат врзани за радијатор. Ама некој, ете го пресече сиџимот и целокупната пета колона од една партија, ја донесе на власт. Откако добро ги обраа ко лубеници. Чук чук со чврги во главчето. Ааааа овој е зрел и исполнителен, стави го во тимот. Затоа на тие одбраните им се свирка и за името на државата и за јазикот на народот кој ја создаде и за народот сам по себе. Не е мала зафрканција да бидеш политички коректен либерал на чело на слаба држава со интегритет нула. Мора да се откажеш од многу нешта за да задоволиш неколку шупци посилни од тебе. Мора да заборавиш на многу нешта, за да бидеш успешен и да останеш на власт.
Еве како Шеќерка. Многу сака власт и многу сака да заборава. Дури и нешто толку значајно што се случило пред само дваесет години. Како на пример, обидот на косовската паравојска УЧК со нејзините испостави овде, маскирани под името АНА и ОНА, да окупира делови од територијата на Македонија и да создаде трета албанска држава на Балканот. Во таа валкана шестмесечна војна и агресија од Косово, загинаа околу осумдесет бранители. Знаеме како заврши тоа. УЧК победи на маса во Охрид, ја редефинира државата, а нејзините команданти облекоа оделца и влегоа во владата и парламентот. Еден од тие команданти е градоначалникот со кого се сликаше Шеќерка, во неговиот кабинет, пред симболите на таа агресорска паравојска.
Но, за неа, како министер за одбрана, ништо страшно. Далеку било она во 2001 година. Не било важно. Како не е важно кога тој со кого се ракуваше пред симболите кои ни будат морничави сеќавања на таа година, станал градоначалник како награда што пукал во македонски бранители. Зарем не важно што во неговиот кабинет нема ниту еден симбол на оваа држава? Кај кого Шеќерка беше на гости? Чиј градоначалник е тој ако го кити кабинетот само со парамилитантна, агресивна, националистичка, шовинистичка иконграфија од соседни држава, која предизвикува страв кај Македонците, особено кај оние во градот во кој тој градоначалствува. Дали тоа значи, Шеќерка била во официјална посета на туѓа држава? Кај свој колега бивш командант на паравојска, кој сега може да биде и министер за одбрана на таа отуѓена територија.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.