четврток, 12 ноември 2026
Најново

Шилегов пред исклучување во СДСМ, најавува одговор за денес

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Извршниот одбор на СДСМ донесе одлука за исклучување на поранешниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов од членство во СДСМ. Шилегов, пак, одговорот го најавува за денеска.
Опозициската СДСМ доцна синоќа соопшти дека Извршниот одбор на партијата донел одлука да иницира постапка за исклучување на Шилегов од членство во партијата со образложение дека тој е уценет и одработува за ВМРО-ДПМНЕ.
– Ја разоткривме целата бизнис шема на Христијан Мицкоски во енергетиката, од Адамовиќ до „Руднап“. Сега на сите им е јасно зошто толку многу сакаат да го рушат СДСМ. ВМРО толку падна што единствената опција им остана обидот да го урне СДСМ одвнатре, велат од СДСМ.
Шилегов, пак, како што објавија дел од медиумите, вчера не сакал да коментира од почит кон трагедијата во Кочани, но одговорот го најавил за денеска.

Поврзани вести