Возач, кој ако се суди по табличките, е од Скопје, ноќеска успеал не сакајќи да направи нешто што сигурно не би успеал доколку сакал тоа да го направи со безбедно возење во безбеден град на Скопје, пренесоа повеќе медиуми.
Фото: социјални мрежи
Тој со автомобилот „Шкода“ вешто се искачи на зеленилото меѓу двете страни на булеварот „Св. Климент Охридски“ и остана цврсто на местото, точно спроти Соборниот храм.
Според тоа како завршила колата, помошта таа да запре, која ја пружил столбот за улично светло, се чини, била добредојдена.
Фото: социјални мрежи
Засега не е јасно како возачот успеал во овој несекојдневен подвиг, но тој бездруго прелетал по крстосницата со „Партизанска“ (и под камерите на „Безбеден град“) со брзина далеку над максимално пропишаните 50 километри на час.
Засега нема информации за повредени во несреќата, но очигледно ке биде среќен пајак даго спасува за непрописно пракирање.МВР денеска ке излезе со детали за оваа сообраќајна несреќа


