Според нутриционистите и лекарите, редовниот појадок е клучен за правилно функционирање на телото и подолг животен век, а вистинското време за него е еден до два часа по будењето.
Кога го прескокнуваме појадокот, доаѓа до нагло опаѓање на нивото на шеќер во крвта, што може да предизвика замор, нервоза, губење на концентрација и екстремен глад подоцна во текот на денот. Тогаш луѓето почесто посегнуваат по брза храна, слатки и нездрави грицки.
Лекарите истакнуваат дека долготрајното прескокнување на појадокот го зголемува ризикот од метаболички нарушувања, дебелина, дијабетес тип 2 и кардиоваскуларни заболувања.
Организмот, соочен со „гладување“, влегува во режим на заштеда на енергија, го забавува метаболизмот и складира масти, кои на долг рок го оштетуваат срцето и крвните садови.
Истражувањата покажуваат дека луѓето кои редовно го прескокнуваат појадокот имаат поголем ризик од висок крвен притисок, покачен холестерол и срцеви проблеми . Појадокот го започнува метаболизмот и ја обезбедува енергијата потребна за нормално функционирање во текот на денот.
Експертите советуваат да не се прескокнуваат оброците, туку да се прават помали, но редовни. Три главни оброци и една до две ужини помагаат во одржувањето на стабилни нивоа на енергија, подобро расположение и поздраво тело.
Кога е вистинското време за појадок?
Вистинското време за појадок е во рок од еден до два часа по будењето.
Во овој период, телото е подготвено да прими храна, метаболизмот и хормоните се активни, па затоа појадокот помага за рамномерна распределба на енергијата, стабилизирање на шеќерот во крвта и поддршка на општото здравје.
Доцниот појадок може да го зголеми ризикот од замор, скокови во шеќерот и хронични заболувања.
Студија објавена во списанието „Communications Medicine“ следела речиси 3.000 возрасни лица од Обединетото Кралство, на возраст од 42 до 94 години, во период од повеќе од 20 години. Учесниците дале информации за времето кога најчесто појадуваат, ручаат и вечераат, како и за навиките за спиење, работата и здравствената состојба, објавува Health .
Анализата покажа дека со текот на годините, оброците постепено се преместуваат во подоцнежните часови.
Појадокот, во просек, се одложувал за околу осум минути за секоја деценија од животот, додека вечерата се одложувала за приближно четири минути. Се покажало дека луѓето кои појадувале подоцна имале повеќе хронични заболувања, како и поголем ризик од смрт.
Секој час доцнење во појадокот го зголемувал тој ризик за осум до 11 проценти.
Според препораките на експертите, идеално е да појадувате во рок од еден до два часа по будењето.
Како што објаснува д-р Корни Петерсон од Харвардското училиште за јавно здравје, метаболизмот е природно подесен да внесува храна веднаш по станувањето.
– Доцното појадување може да доведе до ненадејни скокови на шеќерот во крвта, воспалителни процеси и зголемен ризик од срцеви заболувања и дијабетес тип 2 – истакнува таа.
Доследност во времето на оброците
Редовната рутина помага да се усогласи внатрешниот биолошки часовник, или циркадијален ритам, кој влијае на варењето на храната, хормоните, спиењето и нивото на енергија во текот на денот.
Како што истакнува д-р Нејт Вуд од Медицинскиот факултет на Јеил:
„ Здравиот начин на живот не значи само избор на храна, туку и време кога ја јадеме, правилната распределба на оброците е подеднакво важна како и квалитетот на храната. “
Иако раниот појадок сам по себе не гарантира долг живот, истражувањата покажуваат дека е поврзан со подобро целокупно здравје и помал ризик од хронични заболувања.
Усвојувањето навика за редовно и порано појадување може да биде едноставен, но корисен чекор кон одржување на долгорочно здравје.
The post Шокантно откритие од лекари: Со прескокнување на овој оброк, си го скратувате животот appeared first on Во Центар.



