четврток, 12 ноември 2026
Најново

Шојгу во инспекција на руските војници кои учествуваат во „специјалната воена операција“ во Украина

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај





ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу извршил инспекција на руските војници кои учествуваат во таканаречената „специјална воена операција“ на Русија во Украина.

Во соопштението на руското Министерство за одбрана на Телеграм се вели дека Шојгу се сретнал со воениот персонал на линијата на фронтот и на командното место, но не е јасно кога била посетата и дали Шојгу ја посетил самата Украина.

На видеото објавено заедно со соопштението на министерството, се гледа Шојгу во воен хеликоптер и две снимки од празни парцели, направени од воздух.

Веста дојде еден ден откако рускиот претседател Владимир Путин одржа состанок со високи руски воени претставници, вклучително и Шојгу, за да ги слушне нивните ставови за тоа како треба да продолжи воената кампања во Украина.

МИА

– Реклама –








Поврзани вести