Шојгу: Русија ја проширува инфраструктурата за нуклеарно оружје – Ќе го браниме територијалниот интегритет со сите средства!

Русија ќе посвети посебно внимание на изградбата на инфраструктура за своите нуклеарни сили во 2023 година, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу.

Тој рече дека Русија, исто така, ќе работи на подобрување на борбените способности на своите нуклеарни сили и ќе се изградат објекти за распоредување на нови ракетни системи. Русија има најголеми резерви на нуклеарно оружје во светот, со речиси 6.000 боеви глави.

Шојгу: Русија ја проширува инфраструктурата за нуклеарно оружје – Ќе го браниме територијалниот интегритет со сите средства!

Рускиот претседател Владимир Путин ги стави окупираните територии во Украина под нуклеарниот чадор на Москва и предупреди дека е подготвена да го брани „територијалниот интегритет” на Русија со сите расположливи средства. САД соопштија дека ја предупредиле Русија за последиците од можна употреба на нуклеарно оружје.

Русија и САД оваа недела требаше да одржат разговори во Каиро за нивниот постоечки договор Нов СТАРТ, со кој се ограничува бројот на боеви глави.

Но, Москва се повлече пред состанокот и ги обвини САД за „токсично антируско однесување” и обид да манипулираат со договорот во своја полза.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.