Шпанска пита

Пробајте го овој вкусен рецепт за шпанска пита.
Потребни состојки:
Рендан кашкавал (80г)
Сечкана шунка(120г)
Кисели краставички(130 г)
Брашно(120г)
1 кисело млеко
Половина шолја масло(80 мл)
1 ќесичка прашок за печиво
4 јајца
1 лажичка оригано
1 лажичка сол
Малку путер или маргарин за премачкување
Начин на подготовка:
Изрендајте го кашкавалот, а шунката и киселите краставички исечкајте ги на коцки. Во сад изматете јајца, додајте масло и промешајте. Додајте шолја кисело млеко и матете додека да се соедини. Додајте шунка, кисели краставички и кашкавал и промешајте.
Промешајте го брашното со прашок за печиво и оригано, а потоа таа смеса додајте ја во претходната и промешајте со лажица. Додајте сол по вкус.
Печете на 200 степени околу 30-35 минути.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.