Шпански омлет: Рецепт за вкусен доручек со компир и јајца

Шпанскиот омлет (Tortilla española) е традиционално јадење во Шпанија кое обично се јаде за доручек или како закуска. Ова вкусно јадење се приготвува од само неколку состојки како компир, јајца и кромид. Шпанскиот омлет е сличен на фритатата, но тој не се пече, а се пржи во тава. Погледнете како можете да го подготвите дома.
Шпански омлет: Рецепт за вкусен доручек со компир и јајца
Потребни состојки (за 4 до 6 лица):
600 г компир
6 јајца
1 голем кромид
растително или маслиново масло
сол


Начин на подготовка:
Измијте ги и исчистете ги компирите, а потоа исечете ги на мали парчиња. Ставете сол по вкус.
Во голема тава додадете масло и пржете ги компирите околу 10 минути додека не омекнат.
Важно е да ја задржат својата форма. Потоа, оставете ги да се оладат.
Во тавата оставете малку масло и испржете го исечканиот кромид. Оставете да се олади.
Во голем сад изматете ги јајцата.
Додадете ги кромидот и компирот, а потоа истурете ја смесата во тавата.
Пржете на умерена температура околу 7 минути. Нежно свртете го омлетот со шпатула и пржете уште 3 до 5 минути додека сите состојки не бидат целосно зготвени.
Исечете го омлетот на триаголници и сервирајте топло. Добар апетит!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.