Штанглички со ореви

ЗА ТЕСТО
4 јајца
120 г шеќер во прав
300 г брашно
150 г маргарин
1 ванилин шеќер
1 прашок за печиво
ЗА ФИЛ
200 г маргарин
200 г шеќер
4 лажици вода
1 ванилин шеќер
200 г мелени ореви
200 г толчени ореви
150 г мармалад од кајсии
Замесете тесто од наведените состојки и со сукалка развлечете кора. Ставете ја во тава премачкана со маргарин.
Во тенџере на оган ставете ги водата, шеќерот, маргаринот и ванилиниот шеќер. Откако шеќерот и маргаринот ќе се растопат тргнете од оган. Додадете ги оревите и промешајте го филот.
Кората во тавата премачкајте ја прво со мармаладот, а потоа со филот. Печете 30 минути на 180 степени.
Изладениот колач исечете го на правоаголни парчиња.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.