Штети врз земјоделските поседи по вчерашното невреме во Липково

Комисијата за проценка на штети од општина Липково веќе е на терен за евиденција на штетите од невремето. Од таму велат дека се погодени сите населени места, почнувајќи од Лојане до Накуштак. Граѓаните веќе почнаа пријавуваат штети . Од земјоделските култури оштетени се насадите со кромид, лубеници, зеленчук, компир, пченка, јачмен…, велат од општина Куманово.

Засега нема пријавени штети на друга инфраструктура и одрони на патишта, велат од општината. Освен што се уништени насади, според пријавите на жителите, штети има и на куќи, оштетени се соларни панели и на автомобили.

Пронајдете не на следниве мрежи: