Штипјанец вчера украл паричник и други предмети од 56-годишна вработена на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, а потоа физички ја нападнал кога таа го затекнала.
„На 30.08.2026 во 14:50 часот во Комплекс клиники ‘Мајка Тереза’ – Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода О.С.А.(42) од Штип. Околу 13:55 часот во просторија за вработените на една од клиниките тој одзел паричник и други предмети од вработената Т.Д.(56) од Скопје, која го затекнала во просторијата, а откако се обидела да го спречи во намерата, физички ја нападнал. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, соопшти МВР.



